МакедонијаПравдаСветот на работникот

Филипче: Наша цел се мотивирани здравствени работници

Филипче - Работник
115views

Министерството за здравство останува отворено за сите, а јас и натаму останувам посветен на здравствени политики во интерес и за доброто на сите граѓани. Како институција, продолжуваме да ги слушаме потребите на граѓаните и заеднички со пациентите, невладините организации и здравствените работници да создаваме здравствен систем каде пациентите сѐ на прво место. Наша цел се задоволни пациенти, вреднувани и мотивирани здравствени работници. Продолжувам неуморно и посветено да работам на ова, граѓаните го заслужуваат најдоброто, граѓаните заслужуваат квалитетно јавно здравство достапно за сите!