- Advertisement -
НовостиПравда

Филипче најавува масовна вакцинација во СЦ „Борис Трајковски“

Филипче најавува масовна вакцинација - Работник
336views

На средина сме од новиот бран на вирусот, согласно со времетраењето на брановите од околу осум недели, ова е некаде шестата недела.  Навистина е голем притисокот во болниците, ние тоа го менаџираме со интензивна работа и коориднација на сите директори во јавните здравствени установи каде што се сместуваат пациенти. Нема да дозволиме да нема слободни места, се заземаат клиники кои досега не беа ангажирани и тие се опремени и има кадар, изјави министерот Венко Филипче.

Во изјавата за ТВ Телма, Филипче рече дека масовната имунизација се планира во април и ќе почне со главната количина од 200. 000 дози што ќе стигнат од Кина и од поголемата количина од вкупно 200-те илјади од Русија.

Од претставници на компанијата и од Руската амбасада вчера, рече, е добиена потврда дека ќе стигне втората количина од вакцината „Спутник В“ и се очекуваат информации и за останатите количини од руската вакцина. Во завршна фаза е и договорот,  а се однесува околу транспортот, за кинеските вакцини на „Синофарм“, а според последните информации од минатата недела, временската рамка за доаѓањето на вакцините на „АстраЗенека“ од КОВАКС-механизмот е за две до три недели.

– Планираме масовната вакцинација да почне во април, иако ова се одолговлечи неколку недели и сите земји се соочени со истиот предизвик – недоволно производство за да се задоволат потребите. Освен системот што го планираме – вакцинацијата да се спроведува преку здравствените домови, планираме уште еден објект, најверојатно салата „Борис Трајковски“, каде што на повеќе пунктови на едно место ќе се спроведува дел од масовната вакцинација – изјави Филипче