ЕкономијаМакедонијаНовости

„ФЛЕКС КРЕДИТ“ ГО ПРЕТРКА „КРЕДИТЕН ЦЕНТАР БС“

   Време за читање 2 минути

Порталот Пари, минатата недела го објави првиот дел од анализата како работат небанкарските финансиски друштва за кредитирање, под наслов ГРАЃАНИТЕ СЀ ПОВЕЌЕ СВРТЕНИ КОН ЛЕСНОТО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: Ланските добивки на куќите за брзи кредити се 10,5 милиони евра, а целиот банкарски сектор ќарил 150 милиони евра

 Денеска Пари открива: Фирмата со најголема добивка лани, во 2020 година беше загубар

Најголема добивка минатата година направило финансиското друштво Флекс кредит, покажуваат податоците од платформата БизнисМрежа.мк . Ова финансиско друштво, со 4 милиони евра приход, остварило добивка од 2,4 милиони евра.

Интересен факт е што ова најпрофитно друштво лани, во 2020 година, било загубар! Загубата му била 11.600 евра. Податоците покажуваат значителен раст на приходите во 2021 година во однос на 2020 година – дури 602 %.

Со високата стапка на профитабилност, Флекс кредит со добивката отишло далеку над компанијата која лани имала најголем приход, а тоа е Иуте кредит. Иуте кредит лани остварила приход од 11,8 милиони евра, а направила добивка од 1,2 милиони евра.

Претходната, 2020 година, состојбата била поинаква. КРЕДИТЕН ЦЕНТАР БС во 2020 година имала добивка од 1,5 милиони евра и тоа било најголемата добивка. Минатата година КРЕДИТЕН ЦЕНТАР БС имала добивка од 1,3 милиони евра, односно добивката се намалила за 66,8 %, иако приходите на компанијата се зголемиле за 66,8 %. Имено, приходот во 2020 година бил 2,2 милиони, а во 2021 година изнесувал 3,7 милиони евра.

ФИНАНСИСКИ ДРУШТВА СО ДОБИВКИ НАД 1.000.000 ЕВРА ВО 2021 ГОДИНА

|ВО ЕВРА|

ФИНАНСИСКО ДРУШТВО ДОБИВКА
ФЛЕКС КРЕДИТ 2.400.000
ТИГО ФАЈНАНС 1.700.000
ФИНАНСИСКИ КРЕДИТЕН ЦЕНТАР БС 1.300.000
ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА 1.200.000
М КЕШ Македонија 1.000.000

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/maheri-vo-dobivki-od-brzi-krediti/