МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

(ФОТО) СПМ: Еве во какви услови работат полицајците во Градско и Богомила

СПМ- Работник
296views
ЗАДОВОЛНИ” услови за работа во полициската канцеларија Градско и полициската канцеларија Богомила во СВР Велес 📌
Почитувани,
📌Ова подоле се фотографии од полициската канцеларија во Богомила, станица оставена на милост и немилост на времето кое изминува. Влагата што останува после секое врнење на дожд е катастрофална по здравјето и животот на полициските службеници кои работат таму. Со сознанијата со кои располагаме како Синдикат сеуште не им се обезбедени дрва за огрев а со тоа полициските службеници МРЗНАТ на своите работни места. Ова е се само не е ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА😡
📌Во полициската канцеларија Градско исто така сеуште нема обезбедено дрва за огрев иако температурите последните денови паѓаат и под нулата. Колегите оставени се сами, на себе ДА ПРЕЖИВУВААТ кој колку може😡. Ова малтретирање во службата мора да престане. Згора на тоа со секој дожд полициските службеници “со леѓени” се борат со, дождот кој капе на повеќе места од зградата а највеќе во дежурната служба. Доколку и понатаму се продолжи со игнорирање на овој проблем постои можност објектот да се самозапали поради негрижата на институциите во Министерството⁉️
Ве повикуваме да реагирате посебно началникот на СВР Велес кој и само потекнува од ова населено место да направи нешто со неговиот голем авторитет пред да си замине🎯
За наведеното ќе биде запозната јавноста и сите надлежни институции во државата 🇲🇰
Со почит,
Синдикат на Полиција во Македонија

1

Image 1 of 5

 

🗣️ Министерство за внатрешни работи

“ЗАДОВОЛНИ” услови за работа во полициската канцеларија Градско и полициската…

Posted by Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ on Friday, November 27, 2020

Advertisement