ФРЧАТ ЛАЖНИ ОГЛАСИ ЗА РАБОТА: Луѓе упорно наседнуваат и им уплаќаат пари на „вработувачите“
На социјалните мрежи повторно кружат огласи за работа од дома, во кои се нуди пакување на чоколади, пижами, сапуни и што ли уште не и тоа за плата од речиси илјада евра, односно, 50 илјади денари.
Сега, повторно е актуелен оглас за работа, овој пат за пакување чоколади. На многубројните групи на Фејсбук, граѓаните прашуваат за искуства, додека оние „изгорените“ ги советуваат даа не наседнуваат, бидејќи станува збор за измама.
Криминалците развиле добра шема. Пуштаат оглас со телефонски броеви на наводна фирма, а кога апликантот ќе им се јави, му даваат инструкции како да аплицира и оти за тоа ќе треба да плати одредена сума на пари, најчесто околу илјада денари.
По уплатата, апликантот останува блокиран, не добива материјал за работа, ниту пак плата, но останува без своите пари.
Од Министерството за внатрешни работи, неколкупати досега апелираа до граѓаните да бидат крајно претпазливи со ваквите огласи, бидејќи зад нив најчесто стојат измамници.
- Како македонските шивачки го одржуваат занаетот? - 25/03/2025
- Мицкоски: Расте просечната плата, пензионерите ќе го добијат покачувањето - 25/03/2025
- Нови цени на горивата - 24/03/2025