НовостиПравдаСветот на работникот

Хамиди: Цело време бевме напаѓани од Тасевски, ама не излегувавме во медиумите да се жалиме

   Време за читање 1 минута

Претседателот на Управниот одбор и извршен директор во М-НАВ, Фахрудин Хамиди, вели дека безбедноста на авиосообраќајот и навигацијата никогаш не била, ниту ќе биде загрозена. Граѓаните може да патуваат безбедно, додаде тој по вчерашните инциденти во зградата на радарската соба, каде што е сместена обласната контрола на летање при М-НАВ.

„Од 3 ноември 2020 година, кога стапив на чело на компанијата, ја најдов со минус 70 % сообраќај и немаше средства ниту за оперативни простории, а камоли за плати. Успеавме да ја донесеме фирмата на здрави нозе, М-НАВ денеска ги има намирено сите загуби што беа поради надворешен удел, без ниту еден денар помош од кого било“, изјави Хамиди.

Вели дека цело време биле напаѓани од страна на претседателот на Синдикатот на контролорите на летање, Александар Тасевски, и истакна дека не излегувале пред медиумите да се пожалат бидејќи, како што вели, имале покрупни работи со кои морале да се занимаваат.

„Нѐ повредува сите нас и не нѐ остава да си ја завршиме работата. Репутацијата на нашата компанија е доведена во прашање поради лажни клевети дека ништо не чинело“, истакна Хамиди.

Извор: Макфакс