- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Хотелиерите најавуваат попусти на аранжманите за српските туристи

Хотелиерите незадоволни - Работник
309views

Хотелиерите долж охридско – струшката ривиера за оваа туристичка сезона најавуваат попусти на аранжманите за српските туристи. Цените на туристичките понуди од стартот на летото па се до крајот на годината ќе бидат намалени од 10 до 20 проценти. Оваа иницијатива која била прифатена од 90 посто од хотелите е во знак на благодарност за бесплатната вакинација од страна на соседна Србија која ја овозможи за Македонската стопанска комора меѓу кои и за членките на Независната угостителска комора.

Хотелиерите велат дека на овој начин ќе се потикнат еден дел од српските туристи барем неколку дена да поминат на брегот на Охридското езеро.

Туристичките работници со отпочнувањето на масовната имунизација во земјава против Ковид 19 се надеваат на туристи оваа сезона и тoа најбројни да бидат гостите од нашето соседство.