ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Лазаров: Потребна е дополнителна поддршка во вториот квартал за вработените во најпогодените сектори

Фејсбук статус на Проф. Д-р Дарко Лазаров:

Неколку поенти од изјавата за вестите на МРТ 📺

1️⃣Потребна е дополнителна поддршка во вториот квартал од 2021 година за вработените во најпогодените сектори како текстилната индустрија.

2️⃣ Ова е важно од неколку причини:

– оваа индустрија е значајна за локалната економија на Штип. Замислете какви ќе бидат ефектите за локалната економија со 3.500 помалку плати на месечна основа (3.500 x 300 евра просечна плата = над 1 милион евра).

Лазаров – Работник

– проблемите во преработувачката индустрија може многу лесно да се прелеат во услужните дејности.
Имено, многу услужни дејности како што се транспорт на луѓе и стоки, шпедиторски услуги, сервис со храна, трговија на големо и мало, услуги за обезбедување на имот, услуги поврзани со одржување на хигеана и многу други се дел од ланецот на снабдување на текстилната индустрија, при што, сите тие може да бидат индиректно погодени.

3️⃣ Потребно е да се размислува за преструктуирање на локалната економија (од труд-интензивни индустрии кон сектори со поголема додадена вредност и повисоко ниво на продуктивност) во пост-кризниот период. Но, тоа единствено може да се случи со активна поддршка на државата и затоа е потребна нова развојна стратегија за Штип и државата.