ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Хотелите во рамките на скијачките центри ќе продолжат да работат согласно протоколите

Хотелите во рамките на скијачките центри - Работник
76views

До порталот Работник денеска стигнаа реакции од страна на вработени во хотелите на Попова Шапка кои стравуваа дека поради тоа што ски-центарот е затворен, дека и хотелските објекти ќе се затворат.

Порталот Работник побара објаснување од Владата на Р. Македонија, од каде ни посочија дека хотелите и угостителските објекти не се опфатени со одлука на затворањето на скијачките центри и дека тие работат согласно своите наменски протоколи.

„Според проценката од здравствените експерти, Владата одлучи ски-центрите да останат затворени поради ризикот од групирање на луѓе. Скијањето не е најризично, но, можноста повеќемина во исто време на едно место да се собираат во бачилата, во објектите кои служат топли пијалаци и можното создавање редици за билети е ризик којшто, во услови на натамошен раст на бројот на заболени и оптовареност на здравствениот систем, Владата мора да го сузбие“, стои во одговорот на Владата. 

Од таму посочија дека одлуката е непроменета и е на сила од март 2020 година, од почетокот на пандемијата настаната од коронавирусот. Велат дека најпрво се донела одлука за затворање на Скијачкиот центар „Заре Лазаревски“. Таа била донесена врз основа на записникот од Петтата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за Управување со кризи, одржана на 13 март 2020, во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на коронавирусот (КОВИД-19) и согласно предлозите изнесени во расправата на седницата, со цел превенција и ширење на овој вирус.

Информираат дека како надополнување на оваа одлука, Врз основа на член 28 став (8) и 58 став (1) од Законот за заштита на населението од заразни болести, Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 03.11.2020 година, донесе одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-COV-2, случаите и временскиот период на нивна примена, при што се наредува и мерката дека се затворат за посетители – гости зимските скијачки центри. 

Бобан Илијевски