МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

(ВИДЕО) Ралповски: Годишните одмори на вработените во приватниот сектор беа злоупотребувани

Годишните одмори на вработените во приватниот сектор кои беа во излоација беа злоупотребувани од страна на работодавачите и тоа заедно со подобните социјални партнери во Економско – социјалниот Совет, рече Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија Благоја Ралповски, на денешната прес – конференција. 

Тој посочи дека се уште нема разврска за работдавачите коишто ја злоупотребија финансиската поддршка од државата којашто беше наменета за работниците, нагласувајќи дека директорката на УЈП рекла дека тие се проследени во Јавното Обвинителство, но до ден денеска нема никаква постапка за истите.

Се осврна и на неисплаќањето на боледувањето на заразените од Ковид – 19 или на оние коишто биле во изолација, согласно законските прописи.

Повеќе во видеото во прилог: