Храната и енергијата во следните две години треба да поевтинат, вели професорот Треновски
Универзитетскиот професор Борче Треновски вчера во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 рече дека глобалните проекции покажуваат дека во 2025, но и во 2026 година, цените на храната и енергијата би требало да стагнираат или да се намалуваат.
„Има определено нагорно-надолно движење кај електричната енергија, меѓутоа кај нафтата и другите деривати имаме намалување, металите имаат различно движење. Се претпоставува дека монетарната политика ќе се намали односно со инфлацијата ќе се намалуваат и понатаму иако дискутабилно е колку ќе се намалуваат каматните стапки на глобално ниво. Економскиот раст се уште останува нестабилен“, вели Треновски.
Проф. Борче Треновски / фото: ТВ21

