НовостиСветСиндикат

Хрватска: Започнал штрајкот на трите синдикати во образование – бараат зголемување на платите

   Време за читање 1 минута

Три синдикати од секторот образование денеска го започнале т.н. циркуларен штрајк, најпрво во четири далматински жупании, а во наредните денови ќе биде продолжен и во преостанатите четири хрватски региони. Претходно, Владата на Хрватска истакна дека на вработените во образованието нема да им бидат платени деновите поминати во штрајк.

Синдикатите, организатори на штрајкот, очекуваат голем одзив, а нивното основно барање е изедначување на платите и коефициентите за слични работни места во сите јавни и државни служби. Тие бараат зголемување на основицата за 10 %, поголеми коефициенти и воведување на додаток за просветност, одлагање на модуларната настава во средните стручни училишта на една година, како и оценување на учителите и наставниците.

Штрајкот би требало да биде продолжен во четврток, 3 април, во Вуковарско-сремската, Бродско – посавската, Пожелчко – славонската, Осјечко – барањската и Вировитичко – подравската жупанија, а потоа на 7 април, во штрајк треба да влезат и училиштата во Истарската, Приморско – горанската и Личко – сењоската жупанија.

Извор: Tanjug.rs