СветСветот на работникот

Хрватска никако не може да најде работници за ова занимање: Дури ни 1,500 евра не се доволни

   Време за читање 2 минути

Се проценува дека по влегувањето во Европската унија, Хрватска изгубила 70,000 градежни работници.


Хрватска ја измачува недостигот на работници во градежништвото, а се чини дека ни значајниот раст на платите во овој сектор не претставува доволна мотивација.

„Платата е некои 1,100 евра плус околу 500 евра додаток за работа на терен. Сѐ се тоа легални приходи во градежништвото. Значи, таа се движи од 1,500 евра па нагоре“, изјавил претседателот на Надзорниот одбор на компанијата Радник д.д., Дарко Јамберковиќ.

Според неговите зборови, платите во градежниот сектор во Германија изнесуваат 2,000 евра, така што разликата помеѓу платите повеќе не толку значајна за да ги мотивира хрватските работници да работат во странство, пренесува ХРТ.

Последните истражувања укажуваат на тоа дека високата плата повеќе не е доволна за да се задржат или привлечат нови квалификувани работници.

Вработените во градежништвото сега инсталираат на тоа да се почитува времето кое го имаат за свој приватен живот и повеќе ги интересираат условите во кои работат.

Во Хрватска моментално се вработени 130,000 работници, секој втор е странец, поточно 68,000.

Во последно време сѐ повеќе работници од Непал и Филипините доаѓаат да работат во хрватскиот градежен сектор, но не се гледаат себеси на долг рок во таа работа.

„Тоа не се работници чие занимање е поврзано со градежништвото и тие воопшто не знаат што ги чека, што работат и после некое време сфаќаат дека работатa е тешка и едноставно преминуваат на занимања кои се значајно полесни“, прокоментирала потпретседателката на Хрватската стопанска комора за градежништво и сообраќај, Мирјана Чагалј.

Се проценува дека по влегувањето во Европската унија, Хрватска изгубила 70,000 градежни работници.

Извор: Telegraf Biznis/Tanjug

Фото: Shutterstock

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и главен и одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk.