МакедонијаПравда

Царовска: Владата го усвои вториот извештај на Комисијата за отворање на училишта со физичко присуство над трето одделение

428views

На последната владината седница е донесена уште една важна одлука, за вториот извештај од Комисијата којашто требаше да утврди кои од училиштата ќе почнат со физичко присуство, а кои ќе останат со онлајн настава, по трето одделение, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во „Програма 200“ на Алсат Телевизија.
Комсијата продолжува да ги разгледува барањата на училиштата, врз основа на што Владата понатаму ќе носи одлуки.

„Комисијата, составена од од претставници на Комисијата за заразни болести, МОН и Кабинетот на претседателот на Владата, го достави вториот извештај до Владата. Секоја општина што имаше интерес да почпне или услови согласно здравственките протоколи, да започне настава со физичко присуство, после трето одделение, требаше основачот или Советот да се обрати до МОН, до комисијата што беше воспоставена за оваа намена и таа ги разгледуваше фактите-дали има физички простор да тоа се одвива како што треба согласно протоколите, дали во училниците собира доволен број на ученици на метар и пол , но не повеќе од 20, да нема фрекфенција на голем број на ученици по ходниците и епидемиолошката состојвба во таа општина да биде стабилна. Земајќи ги сите овие параметри, Комисијата многу професионално си одлучуваше, се разгледаа тие првични барања коишто се пристагните. Сега се уште разгледуваат и во петок ќе носиме втор пат одлуки за останатите коишто се уште немаат поминато одлуки на совет “, истакна Царовска.