МакедонијаПравда

Царовска: Владата усвои закони со кои се овозможува отворање на студенстките и училишните домови согласно здравствените протоколи

256views

Министерката за образование и наука Мила Царовска, вечерва во дебатната емисија „Програма 200“ на Алсат Телевизија, рече дека денес Владата ги усвои Законите за ученичкиот и студентскиот стандард, кои ќе бидат доставени до Собранието.

Овие законски измени се неопходни со цел финансиски да се поддржат студентите и учениците кои поради зајакнатите здравствени протоколи нема да имаат можност да се сместат во студентите и ученичките домови.

„По одлуката на Комисијата за заразни болести, сепак да се отворат ученичките и студентските домови, но со преполовен капацитет, ние остануваме со одлуката да ги покриеме со сместување и останатите кои на ранг листата ќе треба да влезат во ученичките и студентските домови со одредени финансиски средства. За тоа ни се потребни законските измени“, рече Царовска.

Министерството за обрзование и наука ги подготви потребните протоколи, а во тек се и подготовките на домовите за да ги примаат студентите.