- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Царовска: Го сфативме вистинското значење на наставникот кога моравме да станеме наставници дома

Царовска: Го сфативме вистинското значење - Работник
199views

Мислам дека конечно се разбра важноста на наставникот, важноста на образованието, посебно во вонредни услови, како сега во пандемија. Многу родители се соочија со тоа да бидат заменски наставници дома. Се виде која е тежината да образувате деца, да одржувате динамика во континуитет да учат. Тоа беше моментот на пресвртот, кога почнавме да размислуваме колку е значајна како професија наставник, од една страна, а од друга страна мислам дека тоа ќе не доведе до пишување наставник, наставничка со голема буква Н понатаму, ценејќи ја целата онаа вредност којашто за општеството ја носи образовниот систем, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во гостувањето во Утринската програма на Националната радиотелевизија.

Во минатото, потенцираше Царовска, може се критикуваше образованието, но немаше дебата како да го подобриме. Сега сум многу среќна, рече таа, што и во пандемија и во наметнување на дигитално образование со двонасочна комуникација преку електронски алатки помеѓу наставник и ученик, коешто одлично се спроведува оваа година, се наметнува и дебата како да го промениме образованието.

„Без промена на образованието не можеме да очекуваме голема економска трансформација или трансформација на општеството кон демократизација, кон европски вредности. Сметам дека образованието од целата оваа пандемија има придобивка. Тешко е, не е лесно, тешко е за наставниците, за родителите, тешко е за учениците. Сите учиме од овој процес“, изјави Царовска, напоменувајќи дека никој не верувал дека ќе имаме цела учебна година преку електронски алатки и дека сите наставници коишто имаат обврска да имаат онлајн настава, добро ќе се справат.

 „Онлајн наставата навистина успешно се спроведува. Брза промена е можна, покажа пандемијата, дека можеме за еден месец да се спремиме за онлајн учење, иако сите велеа не, дека имаме наставници кои што велеа дека највозрасните нема да се справат, но тие одлично се справија. Ако им дадете на луѓето поддршка, ако им дадете визија, јасна насока, секоја професија ќе си најде начин како да го одржи квалитетот и секој ќе продолжи да ја извршува својата работа“, рече Царовска.

Морам да истакнам, потенцираше министерката, дека како земја треба да сме горди, дека од една страна во образовниот систем нема ширење на Ковид, бројките и во првото и второто полугодие се екстремно ниски, а од друга страна во континуитет го одржавме образованието, ние немавме затворање во ниту еден момент или ретерирање од првично поставениот модел којшто го започнавме на први октомври.