- Advertisement -
НовостиПравда

Царовска: Граѓанските организации ни се важен партнер, со нив ги утврдуваме врвните приоритети кои се од интерес на граѓаните

Царовска: Граѓанските организации - Работник
227views

Министерката за образование и наука Мила Царовска, денес учествуваше на онлајн презентација на извештајот во сенка изработен од фондацијата Отворено општество Македонија којшто се однесува на секторските работни групи и вклученоста на граѓанските организации во носењето на политиките во државата.

На презентацијата беше посoчено дека работна група за образование, вработување и социјална политика е еден од најпозитивните примери на соработка на граѓанските организации и државата, во креирањето на политики.

Министерката Царовска рече дека редовниот дијалог со граѓанските организации е значаен за напредокот на целото општетсво.

„Преку оваа работна група заедно со граѓанските организации ги утврдуваме врвните приоритети кои се од интерес на граѓаните. Ова го правиме низ процес на широка консултација и координација и верувам дека оваа соработка ќе продолжи и уште повеќе ќе се зајакнува“, рече Царовска.

Секторската работна група ја координираат Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика и во неа членуваат претставници од институциите задолжени за креирање на секторските политики и стратегии, европските интеграции и ИПА. Секторската група работи на  имплементацијата на политиките за конкурентност и инклузивен раст во трите сектори, преку програмите финансирани од претпристапната помош.