- Advertisement -
НовостиПравда

Царовска: Наставниците кажаа дека сакаат поголема автономија во наставата, тоа го нудиме со концепцијата

Наставниците - Работник
265views

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес одговарајќи на пратенички прашања во врска со новата концепција за основно образование, рече дека концепцијата покрај за учениците, за граѓаните и за целата држава, нуди многу и за наставниците.

„Во истражувањето што го направивме со наставниците, 4.160 кажаа дека сакаат да имаат многу повеќе автономија, и во делот на подготовка на наставните програми, но исто така и во одлучување во даден момент што е поважно да се зборува. Досега наставниците едноставно беа присилувани да следат јасни и недвосмислени инструкции без да имаат можност да имаат автономија, да одлучуваат, да модификуваат и креативно надополнуваат наставната програма согласно културата на живеење на нивните ученици, затоа што секој наставник си го знае најдобро својот клас и капацитетот, потребите интересите, афинитетите на своите ученици“, рече Царовска.

Министерката истакна дека верува во потенцијалот на наставниците и дека заедно со нив Министерството за образование и наука ќе успее да спроведе успешна реформа.

Царовска истакна дека Концепцијата е дел од Стратегијата на МОН за периодот 2018-2025 година, дека е дел од Законот за основно образование донесен пред околу една година и од самата владина програма.