- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСиндикат

Царовска на „Сител“: Образовни реформи се потребни итно, инаку правиме ненадоместлив пропуст

247views

Сеопфатни образовни реформи се потребни итно затоа што инаку создаваме ненадоместлив пропуст, рече министерката за образование и наука Мила Царовска на гостувањето во вестите на Сител ТВ.

„Образовни реформи се неопходни итно, и тоа сеопфатно. Тоа го покажуваат не само меѓународни тестирања и истражувања, тоа го покажуваат и домашните истражувања и тестирања. Затоа што ако не се промениме веднаш, ние правиме пропуст во создавањето идни генерации, и оние коишто се сега во училиште, коишто ќе можат да поведат, затоа што нашите деца помалку се во училиште од сите деца во земјите кои имаат добри резултати на меѓународни тестирања, тие не учат врз основа на теми, значи интегрирано, врз основа на решавање проблеми, туку сё уште учат фактографски, што е погрешно и напуштено како концепт во светот многу одамна. Ако сакаме како држава да фатиме чекор со светот, со европските држави, со развиените држави, тогаш треба итно, дури самите треба да се притискаме да направиме реформи. Очигледно 30 години никако да дојде погодниот момент за реформи во образование“, нагласи Царовска.

Ова е национален концепт на основно образование, базиран на анализи, истражувања и добри пракси од други земји, но адаптиран на нашиот контекст, на нашата држава. Само во последните 4-5 години, истражувањата на УНИЦЕФ, ОЕЦД, Светска банка, укажуваат каде итно треба да направиме промени за да создадеме генерации кои понатаму ќе бидат работоспособни, но исто така ќе имаат и вредности и самореализација, кажа министерката Царовска.

Во работната група што го изготвува концептот за основно образование, Царовска рече дека има академски професори, искусни наставници, претставници на Бирото за развој на образование а концептот досега е презентиран пред сите засегнати страни, синдикатот, наставници, родители, ученици, дискутиран е на владина седница а следната недела ќе биде и јавно презентиран.