ЕкономијаМакедонија

Цените во декември со мал пад, инфлацијата е на високи 18,7 %

Најновите показатели на Народната банка посочуваат дека цените во декември забележале мал пад, а со тоа годишната стапка на инфлација и натаму се забавува и изнесува 18, 7 %.

Од Народната банка објаснуваат дека просечната годишна стапка на инфлација за целата 2022 година изнесува 14,2 % и е во согласност со последните проекции на банката од 14,3 %, а произлегува претежно од порастот на светските цени на храната и енергијата, вклучително и на домашната цена на електрична и топлинска енергија и нивниот преносен ефект и врз цените на останатите производи и услуги, во отсуство на доволно домашни ресурси за ублажување на шоковите.