- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Цените на угостителските услуги во март исти како во февруари

Кој има најдобра услуга во регионот? - Работник
152views

Цените на угостителските услуги во март 2021 година, во споредба со претходниот месец не бележат промена, додека во однос на март лани имаат зголемување од 0,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – март 2021 година, во однос на тој период од минатата година, е зголемен за 0,3 отсто, додека во однос на декември 2020 година остана на исто ниво.