Честитка на СПМ по повод 11 Октомври – “Денот на народното востание”
Синдикат на Полиција во Македонија по повод 11 Октомври – “Денот на народното востание”, упатува честитка до своите членови, вработените во Министерството за внатрешни работи и граѓаните на Република Македонија.
„Вооруженото востание против фашистичкиот окупатор, започнато на 11 октомври 1941 година, ни ја донесе слободата и остварувањето на сонот за формирање на Македонска држава. Патот до конечната победа преку долготрајната Народноослободителна борба, исполнет со страдање и хероизам ни обезбеди место на страната на правдата и на човечноста. Борбата за слобода зеде многу жртви пред кои ние денес се поклонуваме и чие дело го славиме“.
Затоа денес 11 Октомври е повеќе од државен празник, тој е и оцелотворување на идеалот за слобода и правда.
„На овој ден се слави пожртвуваноста и решителноста на Македонскиот народ за слобода и за создавање на самостојна и независна држава. Тој идеал нè води и денес во остварувањето на подобра сегашност за денешните и подобра иднина за наредните генерации во Република Македонија“.
„На овој голем празник, уште еднаш, да се потсетиме на заветот кој ни го оставија нашите предци, достојно и гордо да го чуваме ова парче земја, бидејќи тоа е сè што имаме“.
Честит 11 Октомври – ФАКЕЛОТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН НЕПОКОР‼️
Слободата, нацијата, традицијата и државата се градат и се чуваат низ мозаикот на големите датуми и со идентификацијата на идните генерации со најдоброто и светото што го создавале нивните претходници.
Македонија вечна💖🇲🇰🇲🇰🇲🇰
- Проектираниот раст од 3,7% реален, отворени можности за префрлање на капацитетите од европските земји во нашата земја - 24/04/2025
- Научници пресметале колку животи спасиле вакцините - 24/04/2025
- Сакате да ја добиете работата од соништата? Никако не ги поставувајте овие прашања на разговор за работа - 24/04/2025