Синдикатот на пожарникари задоволен од зголемувањето на блок дотациите за плати во Предлог-буџетот
Независниот синдикат на пожарникарите го поздравува зголемувањето на висината на блок дотацијата за плата и надоместоци на плата за припадниците на пожарникарските единици во Предлог-буџетот за 2020 година.
Според Синдикатот, со планираните средства во Предлог-буџетот ќе се реши проблемот со кој се соочуваат пожарникарите кои земаат помала плата за 20 проценти од законски утврдената, за која општините добиваат блок дотација од страна на Владата, пишува 24 инфо.

