- Advertisement -
ПравдаСветот на работникот

„Човек сум, а не работ“ – Работниците против ригорозниот систем

„Човек сум, а не работ“ - Работник
508views

Рина Камингс работела 12 часовни смени секоја недла во гигантскиот магацин на Амазон во Њујорк, откако започнала да работи за компанијата во 2018 година.

Нејзина работа била да прегледува и скенира 1,800 пакети дневно, односно 30 во една минута, пред тие да бидат доставени.

Таа е една од работниците благодарение на која Амазон овој Божиќ ги остварил најдобрите резултати во својата историја. Брзата достава, на една од најголемите светски компании и дозволила во последното тримесечје од 2019 година да има приход од 87 милијарди долари и нејзниот шеф Џеф Безос во својот џеб додаде 12,8 милијарди долари.

Но, додека корисниците и акционерите на Амазон се повеќе од среќни, работниците баш и не се, а дека е тоа така покажува петицијата која ја потпишале преку 600 вработени во компанијата кои како што пишува Гардијан, го молат Амазон да им ги подобри работните услови.

Попрецизно, она што работниците го бараат е една 30 минутна пауза наместо две паузи по 15 минути, поради тоа што само толку им треба за да одат од магацинот до просториите за одмор. Притоа, бараат и поверодостоен превоз до самиот магацин, како и поголеми сигурносни мерки, со оглед на тоа што повредите во магацините на Амазон се три пати поголеми од американскиот просек во останатите магацини.

„Има денови кога ништо не ми се случува само поради Божјата милост“, вели Камингс и додава дека откако е објавено испитувањето за високата стапка на повреди компанијата реагирала, но со инсталација на монитори на кои пишува дека сигурноста на работниците е најголем приоритет на компанијата. Подобро речено, не се сменило апсолутно ништо, а вработените кои ќе се пожалат на лошите работни услови и здравствените проблеми често добиваат откази.

Каминг често мора и да ја запира и чисти движечката трака, поради тоа што пакетите кои содржат течност редовно се растекуваат, но и понатаму од неа се очекува да ја исполни нормата. Кога тоа нема да го направи, добива опомена, а после втората опмена следува отказ.

„Постојано отпуштаат работници. Можеш да добиеш отказ за било што“, рекла таа за Гардијан, додавајќи дека има оштетен вид поради што со закон е одредено да работи во одделенија прилагодени на нејзините потешкотии. Сепак, менаџерите сакаат да ја префрлат на потешките одделенија.

„Еден дури ме праша дали сум сигурна дека не гледам. Мојот доктор им прати детален извештај со предлозите врзани за моите пречки и сигурноста, но сите предлози ги игнорираа“, рекла таа.

Рејмонд Велез една година пакувал пакети во магацинот на Амазон, а од него се барало да спакува 700 пакети во еден час. За неисполнување на нормата, работниците добивале откази, пренесува Новац.

„Не им е грижа за вработените. Се фалат со медицинската нега која ни ја пружаат, а кога отидов во Амкер, односно во здравствената единица на компанија, само ми дадоа Аспирин и ме вратија назад на работа“, се пожалил Велез.

Хуан Еспиноза работел како оператор на кран во магацинот, а негова задача била да крева и пренесува по 400 пакети за еден час.

„Не можев да издржам. Човек сум, а не робот“, рекол тој.

Амазон ги надгледува сите свои работници и кога нема да ја достигнат очекуваната бројка, со помош на алгоритам автоматски им праќа опомени.

„Сите сме свесни дека не следат алгоритми за да бидат сигурни дека работиме најбрзо што можеме и доколку помине повеќе од предвиденото време помеѓу два пакети, компјутерот тоа веднаш го забележува и добиваме откази“, рекле за британскиот Гардијан и додале дека „Безос никогаш не би успеал да изработи една цела смена.