Шахпаска: Средствата од прометот на моловите би изнесувале 1,200,000 евра, на годишно ниво
Истовремено со измените на законот за работни односи во којшто недела се дефинира како ден на неделен одмор, од и предлог – Закон за измена на Законот за трговија, во којшто ингеренции има Министерството за економија. Значи, во пакет одат двата закони, рече Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
Таа посочи дека во Законот за трговија се предвидува во недела, да работат моловите во една смена, од 10 до 18 часот, по претходно добивање на лиценца за работа во недела, нагласувајќи дека два проценти од нивниот неделен промет ќе се уплаќа во буџетот на Македонија. Шахпаска потенцираше дека без Ист Гејт Мол, средствата од прометот на моловите би изнесувале 1,200,000 евра, на годишно ниво.
Работниците коишто ќе работат во недела ќе имаа надомест на дневница од дополнителни 100 % и ќе имаат право на неделен одмор.
Таа истакна дека угостителите ќе работат во недела бидејќи се балансот помеѓу професионалниот и семејниот живот.

