- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Шаќири: Посветени сме на забрзувањето на дигиталната трансформација

Шаќири - Работник
808views

МИОА во целосна координација со Владата на Република Северна Македонија ги постави своите цели во процесот на дигитализација на земјата. Наша цел е да промовираме понатамошни мерки за помош на ИТ секторот, за да може овој сектор да го продолжи својот раст без никакви пречки, рече министерот на информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, во воведниот говор на онлајн Регионалниот форум за иновации организиран од Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ) за Европа, на тема: „Развој на иновативни дигитални екосистеми кои ја забрзуваат дигиталната трансформација на клучните сектори”, со поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација.

-Дигиталната трансформација може да поттикне иновации и да ја зголеми продуктивноста во многу активности, да ги трансформира јавните услуги и да ја зголеми благосостојбата, бидејќи информациите, знаењето и податоците стануваат подостапни. Иновацијата и претприемништвото во ИКТ секторот се препознаваат како основна алатка за создавање работни места и економски развој во Република Северна Македонија. Истиот тренд важи и за другите земји од Западен Балкан, додаде во својот говор министерот Шаќири.

Министерот Шаќири ја истакна посветеноста на МИОА и Владата кон процесот на дигитализација и иновации и во исто време изрази благодарност за континуираната поддршка и помош што ја нуди Европската Унија.

Овој состанок ги собра сите засегнати страни, владини претставници и претприемачи од цела Европа, за да разменат идеи и да разговараат во контекст на иновативни дигитални екосистеми, кои ја забрзуваат дигиталната трансформација во клучните сектори.