ПравдаСветот на работникот

Шаќири: Ќе понесе ли некој одговорност за исплатување плата на вработен што не се појавува на работното место?!

Шаќири: Ќе понесе ли некој одговорност - Работник
476views

Лесно е да се изгуби човек во океанот од правни одредби, закони, подзаконски акти, договори и милион прописи кои навидум се привилегија на правниците.

Уште полесно се губиме во рекла-кажала муабети кои, за жал, деновиве ни се сервирани малку повисоко од нашиот дофат, завиткани во „наметката“ на закони или уредби.

За да ни биде појасно на сите, а и да се отворат прашањата на кои одамна требаше да се одговори и  да се затворат, ќе се потрудам да бидам кратка.

Од усвојување на Рамковниот договор, па до ден-денес, актуелна е темата за вработувањата според „Рамковен”. Честопати дури тоа служи како синоним на некомпетентност или за афирмативна акција не толку врз база на етникум, колку врз база на политичка припадност од една страна, и социјална и интелектуална инфериорност од друга.

Господинот вицепремиер Артан Груби изјави дека „за жал“ вработените според „Рамковен“ не можело да се отпуштат од работа, па дури и ако тие одбијат да работат. Тој објаснува дека имало случаи каде што работникот одбива да работи во одредена институција, а притоа не смеело да го отпуштат од работа…

Од правна гледна точка, почнувајќи од начелото за праведност, преку Законот за работни односи и Рамковниот договор, па до Уставот на Република Северна Македонија, тоа што го тврди господинот Груби не е точно. Член 82 од Законот за работни односи, недвосмислено гласи: Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски без отказен рок. Член 82: Работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаите на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со овој или друг закон, колективен договор, правилата за работниот ред и дисциплина и договорот за вработување, а особено ако работникот неоправдано изостане од работа три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година.

Повеќе на Слободен Печат