ВМРО – ДПМНЕ: Како првите четири така и петтиот пакет на мерки ќе биде употребен за поткуп и крадење на власт
Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ
Како првите четири така и петтиот пакет на мерки ќе биде употребен за поткуп и крадење на власт.
Од ветените 1.2 милијарди евра помош, власта даде само 340 милион евра кон граѓаните и стопанството. Но и тие мерки беа искористени за поткуп и купување на избори.
Како што наведува и фондацијата Херитаге буџетот се користи за поткуп! И затоа Македонија бележи пад на сите меѓународни листи за корупција и е во друштво со земји како Лесото и Монголија.
Дека мерките на Заев немаа ефект е чист факт, 55.000 луѓе останаа на улица, државата е задолжена за над 1.5 милијарди евра за пола година.
Се што прави СДСМ не е во корист на граѓаните туку во корист на партијата.
Граѓаните повеќе не веруваат на овие лаги на СДСМ и Заев зошто знаат дека помош за стопанството нема, секојдневно фирми се затвораат и над 140 луѓе на ден ги губат своите работни места.
Затоа потребно е оваа влада да си замине што поскоро.

