СветСиндикат

Швајцарската влада го договори пакетот за заштита на платите пред одобрувањето на договорот со ЕУ

   Време за читање 1 минута

Швајцарија усвои пакет мерки за заштита на платите на работниците, со што потенцијално ги отстрани важните пречки пред престојното одобрување на договорот со Европската унија кој ќе ги зајакне нивните врски.

Мерките ќе бидат вклучени во првиот драфт од догворот со ЕУ, откако организациите на работодавачи, синдикатите и кантоните договориле 13 чекори за заштита на високите плати во Швајцарија од намалувањата кои би ги предизвикале работниците од земјите на ЕУ.

Швајцарската влада рекла дека предлага и дополнителни мерки кои ќе ги додаде во пакетот кој овозможува унапредена заштита против отпуштањата на претставниците на работниците.

Во декември минатата година, Швајцарија и ЕУ дошле до договор кој предвидува ре-обновување на нивните трговски врски, иако синдикатите биле загрижени дека поради притисокот платите на работниците ќе се намалуваат.

Мерките во главно се насочени кон компании од ЕУ кои оперираат во Швајцарија и нивната намера е да ги заштитат платите водејќи се по принципот на еднаква плата за еднква работа.

Ова вклучува обврска за градежните работници да носат идентификациски картички со информации за платата и работните услови, како и зачувување на колективните договори.

Швајцарскиот синдикат Униа предупредувачки го поздравил договорот, кој допрва треба да помине во парламентот, велејќи дека постои голема шанса, доколку носителите на законите го донесат, синдикатите да го поддржат.

Извор: Ројтерс