Шест нови случаи на корона во земјава, формиран владин кризен штаб
Време за читање помалку од минута
Шест нови случаи на корона вирус во државава, соопшти на попладневната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Една од нив е пациентка што синоќа допатувала од Барселона, а петмина се од Дебар.
Министерот информираше дека Владата формирала кризен штаб со кој ќе раководи техничкиот премиер, Оливер Спасовски, а ќе го сочинуваат министерот за здравство, за одбрана, за внатрешни работи, за транспорт и врски, за финансии, за образование и наука, надворешни работи, директорот на ЦУК и првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување.
Кризниот штаб ќе се состанува на дневна основа, веднаш по состанокот на Комисијата за заразни болести.
Извор: АлсатМ
Latest posts by Портал Работник (see all)
- По повеќе од две години опструкции, СОНК ја обнови репрезентативноста - 07/12/2024
- Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги - 06/12/2024
- Во октомври зголемен бројот на слободни работни места во САД - 05/12/2024