Шилегов: Досега нема вредности на аерозагадување за да се активираат мерките
Какви било мерки за загадување ги активира координативното тело на ниво на Влада.
Досега немаме вредности на загадувањето кои се како задолжителни за активирање на таквиот тип мерки, изјави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на денешната прес-конференција, одговарајќи на прашање кога ќе се активираат мерките за загадувањето.
„Годинава немаме вредности над 100 мг на метар кубен, за среќа, компарирано со минатите пет години. Годинава за наша среќа имаме најдобри резултати, во смисла на најмал број на загадени денови. Загадувањето е феномен или проблем што нема да ни исчезне преку ноќ, меѓутоа ќе се манифестира во намален број загадени денови. Тоа е нешто што и минатата и во текот на оваа година го имаме. Тоа не значи дека не постои, да се разбереме, но тоа значи дека вредностите паѓаат“, додаде Шилегов, објави Канал 5.