ПравдаСветот на работникот

Шпански суд пресуди во корист на здравствените работници

126views

Судот во покраината Арагон, на истокот на Шпанија, ја осуди регионалната Влада затоа што на лекарите не им обезбедила заштитен материјал за лечење на пациентите со коронавирус.

Ова е прва ваква пресуда во Шпанија, една од земјите што се најпогодени од пандемијата. Во Шпанија во последните три месеци над 50.000 здравствени работници се заразени со вирусот. Во пресудата на судот се наведува дека Владата на Арагон го загрозила здравјето и животот на здравствените работници и наредено и е да ги опреми сите јавни и приватни здравствени установи со потребната опрема.