МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Штипјанец беснеел во Ковид-центарот и има се заканувал на медицинските лица

Штипјанец беснеел во Ковид-центарот - Работник
140views

Дваесет и деветгодишен штипјанец сакал насилно да влезе во болничката соба на Инфективното одделение, каде што од коронавирусот се лекувала негова роднина. Случајот со агресивното однесување кон целиот медицински персонал во полицијата прво го пријавил еден од вработените, а подоцна и лекарката која наместо да ги лекува пациентите трпела агресивно однесување, но и  вербални закани и навреди од 29-годишниот маж.

Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев го потврди случајот и рече дека од страна на вработените и дежурниот лекар е пријавен во Полициската станица во Штип.

Ова е прв ваков инцидент во регионалниот Ковид-центар од почетокот на пандемијата, во кој се лекуваат пациенти од сите општини од источниот регион.

Надлежните од СВР-Штип најавија дека против 29-годишниот Х.Х ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста на службено лице на работно место.