СветСветот на работникот

Мерцедес Бенз го распродава имотот: Германските медиуми ја пренеле шокантната вест!

Германскиот произведувач на автомобили Мерцедес Бенз ги продал своите изложбени салони на канадскиот претпримач Кулдип Билан, шеф на Алфа Авто групата, пренесува Билд повикувајќи се на извори од деловни кругови.

Во прашање се седум филијали во германската престолнина, кои вработуваат околу 1,500 луѓе.

Меѓу погодените се филијалите во Шпандау и Маријенфелд.

Вработените во продавниците во Берлин се известени за спогодбата по пат на емаил, при што понуден им е избор помеѓу паричен надоместок или гаранција за работа само на една година. После тоа, нивните моментални договори би биле раскинати и би биле потпишани нови, пишува Билд.

Исто така, на најголемиот дел од вработените им се нудат отпремнини до 30,000 евра.

Изворите наведуваат дека утре ќе биде одржан состанок на персоналот, што би можело да биде клучно.

Мерцедес Бенз исто така планира да ги продаде продажните центри во другите градови – Хамбург, Минхен и регионот Рајна – Рур, што би можело да загрози вкупно 8,000 работни места.

Според зборовите на добро брифираните извори, останува да се види до која мерка новиот сопственик ќе се придржува до спогодбите за платите.

Билд потсетува дека вработените во берлинските салони на Мерцедес Бенз две години се обидувале да ја спречат продажбата, но нивните напори биле безуспешни.

Извор: Telegraf Biznis/Tanjug