ПравдаСветот на работникот

Која е постапката за врачување на отказот?

Постапка на врачување на отказот
Кога работодавачот сака да отпушти одреден работник, отказот на договорот за вработување мора да ѝ биде врачен на договорната страна, на која ѝ се откажува договорот за вработување. Најпрво работодавачот е должен да му го врачи отказот на договорот за вработување лично на работникот и тоа по правило во просториите на работодавачот. Доколку работникот не е работното место, па дури и во ситуација истиот
да е на боледување работодавачот е должен отказот да го достави на адресата на живеалиштето, односно престојувалиштето од кое работникот дневно доаѓа на работа.
Доколку работникот не може да се пронајде ниту на адресата на престојувалиштето од кое дневно доаѓа на работа (освен во случаите на оправдано отсуство од работа) или пак нема трајно или времено престојувалиште во Република Македонија, како и кога ќе одбие врачување, откажувањето на договорот за вработување се објавува на огласната табла во седиштето на работодавачот. Кога ќе изминат осум работни дена од објавувањето на огласната табла се смета дека врачувањето е извршено.
Tимот на Јуридика