Што ако Директорот ми нареди да се вакцинирам?
Подготвил: Бобан Илијевски
Во Македонија многу не се зборува на оваа тема. Порталот Работник уште во февруари месец ја отвори темата со стимулирањето на работниците да се вакцинираат преку парични надоместоци. Од бизнис секторот тогаш рекоа дека можна е таа опција, но потоа ништо не се слушна за тоа. Секако ние не можеме да знаеме што се случува во компаниите и дали на работниците им нудат парични награди за да се вакцинираат.
Во САД се повеќе компании на своите вработени им наложуваат да се вакцинираат.
Во Германија тоа е невозможно, но и таму се бара начин како повеќе работници некако да се вакцинираат, пренесува Дојче Веле.
Шефот на Гугл Сундар Пичаи во својот блог минатата недела бил сосема јасен: „Секој кој ќе дојде да работи во нашиот камп мора да биде вакциниран“. Слично е и во Фејсбук, а и американските компании како што се Нетфликс, Убер или Вашингтон Пост сакаат на работните места да видат само вакцинирани работници.
Германските синдикати веднаш предупредуваат: таквата обврска во Германија може да постои само ако постои обврска да се вакцинираат сите граѓаните, а против корона нема. Нема ни да ја има, ако се прашува, на пример, германскиот министер за внатрешни работи: „Алергичен сум кога некој ќе каже ‘ако не си вакциниран, нема да смееше кај нас веќе да работиш’“, изјавил Хорст Зехофер (ЦСУ) неодамна на Мителбајрише Цајтунг. Тој е „одлучен противник на задолжителната вакцинација“ против короната.
„Како да воопшто знаеме кој е вакциниран?“
И триесетте најголеми германски компании наведени во индексот DAX не размислуваат за задолжителна вакцинација, покажала анкетата која ја спровел весникот Велт ам зонтаг. Сите германски гиганти им нудат на вработените можност да се вакцинираат во амбулантите на компаниите, но тоа е се што воопшто можат. Тие не се овластени да го знаат тоа, за да го постават како услов. Така од Сименс пишуваат: „Ние не знаеме кој е вакциниран, а кој не е, а тоа не смееме да го прашаме ниту според прописите за доверливоста на личните податоци“.
Сепак, Институтот за инфектологија Роберт Коч располага со податоци дека досега околу еден милион лица се вакцинирани во амбулантите на компаниите. Кај енергетскиот гигант ЕОН доброволната анкета покажала дека „преку 90 % од работниците веќе примиле прва доза, а втората 85 %“. Но, никој не знае – и не може да знае, дали тие работници веродостојно ја пополниле анкетата, ниту пак за тоа како е во другите компании.
Според последните официјални податоци, околу половина од жителите на Германија се потполно вакцинирани, а околу 62 % ја примиле само првата доза. Но гужви за вакцинирање повеќе нема, што значи дека и во оваа земја постојат бројни лица кои воопшто не сакаат да се вакцинираат, од било каква причина.
Но, на здравствените и инфектолошките експерти тоа воопшто не им е доволно за да во потполност се нормализира социјалниот и економскиот живот. Со оглед на тоа дека во девет од десет нови случаи се работи делта сојот, Институтот Роберт Коч проценува дека треба да биде вакцинирано најмалку 85 % од населението постаро од 12 години и помладо од 60 години, а кај постарата популација тоа треба да биде најмалку 90 % за да се постигне „колективен имунитет“ кај целото општество.
Вакцинираните се евтини, но…
Доброволно – тоа ќе биде тешко постигнато, што значи дека единствена можност би била воведување на законска обврска за вакцинирање. Дали германскиот парламент ќе прифати таков закон, тешко е да се каже. Во Германија одамна имало задолжителна вакцинација, но сепак против многу опасни болести: првото задолжително вакцинирање за сите граѓани било во 1807 година, а го вовела Баварија, од 1878 година, во цела Германија била воведена обврска за вакцинирање против морбили. Во социјалистичката Источна Германија од 1953 сите морале да се вакцинираат, меѓу другото и против туберкулоза.
Нешто помеѓу општа и никаква обврска би било задолжителното вакцинирање за одредени занимања во кој лицата се изложени или каде што би можеле да бидат значајни преносители на заразата: на пример, негувателките или вработените во училиштата. За такво нешто се залага и директорот на Институтот за германска економија Михаел Хитлер: „Во критичните занимања, особено во секторите здравство и образование, законодавецот би требало да воведе задолжителна вакцинација бидејќи тука се работи за лица кои треба да се заштитат“. Тој се согласува дека треба да се воведе и општа задолжителна вакцинација за сите граѓани.
Според анкетата која нивното здружение ја спровело меѓу 2,950 компании од средна големина, 54 % од менаџерите сакаат општа обврска за вакцинирање, а 45 % се против. Но, тука на прво место се себичните причини: владее голем страв од некаков нов локдаун, а така и компаниите можат да заштедат со мерките за заштита – од поголем простор за вработените, па до нивно тестирање.
На „фин начин“
Сепак, дури и кога директорите се толку мотивирани да се заложат за законска обврска, тука нема недвосмислен став. Така и некои германски компании, поретко преку закани отколку на „фин начин“ се обидуваат да ги наведат своите вработени да се вакцинираат. Сопственик на ланец на старечки домови ќе им даде 1,000 евра на вработените, доколку во тие институции се вакцинираат 60 % од нив. Информатичкиот гигант САП на вакцинираните им ветува бесплатни билети за еден фудбалски натпревар, тур – операторот Алтурс најавил дека од крајот на октомври неговите хотели ќе примаат само вакцинирани или оздравени лица.
Особено во последниот случај, тука судовите би можеле да го дадат своите мислење ако некој клиент го постави тоа прашање и Алтурс, според постоечките законски рамки и без општа обврска за вакцинација, веројатно нема добро да помине. Но, кога се работи за парични или други подароци – тука се е чисто.
Тоа е и мислењето на експертот по медицинско право Рудолф Рацлер, на прашањето дали може работодавачот да ги присили вработените да се вакцинираат – тој одговара: „Не, секако ден не смее. Но тој смее да изврши индиректен притисок.
Во Македонија многу не се зборува на оваа тема. Порталот Работник уште во февруари месец ја отвори темата со стимулирањето на работниците да се вакцинираат преку парични надоместоци. Од бизнис секторот тогаш рекоа дека можна е таа опција, но потоа ништо не се слушна за тоа.
Секако ние не можеме да знаеме што се случува во компаниите и дали на работниците им нудат парични награди за да се вакцинираат. Од друга страна тука е и задолжителната вакцинација, но според правниците, се додека истата не се направи задолжителна со закон, работодавачите немаат право да ги принудуваат работниците да се вакцинираат, ниту пак да ги отпуштаат поради тоа што не се вакцинирани, како што е во некои држави во Европа, како Летонија и Узбекистан.
Во овие држави Владата преку законски решенија им овозможи на работодавачите да отпуштаат невакцинирани работници. Во однос на Македонија, од Македонското здружение на млади правници неодамна за порталот Работник рекоа дека Владата може да предложи такво законско решение, но останува на парламентот да одлучи дали тоа ќе се усвои или не.
Бобан Кочовски, Претседател на Движењето за социјална правда „Обединети Работници“ за порталот Работник посочи дека Владата не би се осудила пред локални избори да предложи вакво законско решение, а и согледувајќи ја моменталната ситуација во македонскиот парламент, многу тешко би се можел да помине ваков закон.
Фото: Profimedia
- КСС организира Првомајска конференција на тема: „Работничките права во време на промени: Заедно кон праведна транзиција и ефикасна администрација“ - 28/04/2025
- Германија исплаќа најмногу пензии во Хрватска – дури 84.393! - 28/04/2025
- Вработени во РТС поднесоа петиција до Парламентот: Да престанеме да жмиркаме и да не гледаме она што го гледаат сите - 28/04/2025