Што прави Македонија да ги задржи квалификуваните работници?!

Енергетската криза, односно високите сметки за струја остануваат најголемиот проблем за стопанството, сметаат германските бизнисмени. Сепак, според нив, и во време на криза мора се носат мерки за подобра бизнис клима за инвеститорите, иако лани добар дел од нив, кои што работат во земјава сметаа дека екномската состојба била лоша. За да се подобри, мора сериозно да се вложи во дуалното стручно образование, проблем со кој се соочува цела Европа, а тоа доведува до сериозни нарушувања во стопанството.

– Сакаме да го поврземе синџирот на добавувачи и да го зајакнеме во цела Југоситочна Европа, а дуалното стручно образование, меѓу другото, е патот кон тоа. Многу е важно регионот да го гледаме како целина. Државите тука се прилично мали, но регионот на ЈИЕ како заеднички пазар е интересен за германските компании. Најновите случувања во Европа доведоа до сериозни нарушувања во стопанството, посебно во синџирот на снабдување. Корона кризата беше првиот удар, рече Партик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство.

Дека има се помалку квалификувани работници признаваат домашните бизнисмени. Од Стопанската Комора велат дека живееме во време на голема неизвесност, и дека мора да се посвети поголемо внимание на дуалното образование кое се спроведува со поддршка на бизнисот, со цел компаниите да добијат квалификуваните кадри, што ги има се помалку.