Што преставува повредата при работа?
Што преставува повредата при работа?
За повреда при работа се смета повреда на вработениот кој е осигуран согласно Законот за пензиско и инвалиско осигурување причинета со непосредно и краткотрајно механичко, физичко или хемиско дејство, како и секоја повреда причинета со нагли промени на положбата на телото, ненадејно оптоварување на телото или со други промени на физиолошката состојба на организмот, ако таквата повреда причински е врзана со вршењето на работите на работното место.
Дополнително важно е да се знае дека како повреда при работа се смета и онаа повреда која работникот ќе ја претрпи на редовниот пат од станот односно неговото живеалиште или престојувалиште до местото на работата или обратно, на патот преземен заради извршување на работни задачи и на патот преземен заради стапување на работа, доаѓање на работа од одмор или отсуство прекинати по налог на работодавецот, како и користење право на професионална рехабилитација.
Како повреда при работа се смета и заболувањето на осигуреникот што настанало непосредно и како исклучителна последица на некој несреќен случај или виша сила за време на вршењето на работата или во врска со неа.
Тимот на Јуридика

