ЕкономијаМакедонијаНовости

Андреева: Чест и задоволство, но и голема одговорност е поставена пред мене како нов потпретседател

   Време за читање помалку од минута

Фејсбук статус на Александра Андреева, потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија:

Чест и задоволство, но, во исто време и огромна е одговорноста поставена пред мене како нов потпретседател на Macedonian Chambers of Commerce – Сојуз на стопански комори на Македонија.

Од скромните почетоци пред неколку години како член на мојата матична Комора на сметководители на Македонија, па до денес, како најмлад потпретседател од постоењето на Сојузот, поминавме многу предизвици, пребродивме неброени проблеми, но и пораснавме и станавме посилни.

Чесно, посветено и трудољубиво, продолжуваме да бидеме на браникот меѓу компаниите и државата, и глас на повеќе од 25000 наши членови.

Искрените заложби се препознаваат и одекнуваат. Ви благодарам на довербата!