- Advertisement -
Занимливости

Што се произведувало во поранешна Југославија (СФРЈ)

801views

Доколку сте заинтересирани или сакате да знаете што сé произведувало во фабриките (започнувајќи од светските брендови) во бивша Југославија(СФРЈ) сега може да дознаете. Во поранешната Југославија(СФРЈ) се прозведувало речиси се ,,од игла до локомотива”. Исто така многу фабрики во тоа време произведувале производи под оригинална лиценца на многу светски брендови во тоа време (некои фабрики произведуваат дури и денес).

Оние кои се сеќаваат на поранешната држава Југославија, честопати велат дека воопшто немало потреба од увоз и дека државата се задолжувала токму за да се развива на овој начин.

Листата подоле е само мал дел од листата што се произведувало во Југославија:

Levi Strauss – произведувал Вартекс од Вараждин.

Lee Cooper –  Беко од Србија.

Wrangler  – се произведувало во Македонија.

Puma – се произведувало во Борово во Хрватска.

Adidas – Планика (Словенија).

Boss – Diork (Крагуевац).

Javor – Ивањица(Србија) – произведувал 20.000 кошули месечно за светски извос.

Текстилната фабрика 22.decembar – произведувала униформа за војската и полицијата.

Elan – од Словенија произведувала скии кои ги возел светскиот првак Ингемар Стенмарк.

Tomi – Мајонез, PEZ и Wrigley мастиките, денешни Орбит се произведувале во Словенија.

Podravka – Копривница од Хрватска покривала 20 проценти од светскиот пазар за зачини а нивниот говедски гулаш бил дури и во воените пакети на некои светски армии!

Сараевскиот TAS(легендарниот голф) произведувал 40.000 Wolksvagen-и

PRETIS – произведувал муниција.

IMV Novo Mesto – произведувал годишно 30.000 Renault возила. Денеска таму се произведува исклучиво Twingo моделот.

Cimos – произведувал Citroen возила.

Во Приштина се произведувал Peugot.

IDA од Кикинда произведувала годишно 10.000 Opel возила, во невните леарници се произведувало и за Mercedes, BMW.

FAP од Прибој и TAM од Марибор произведувале камиони и шлепери, а Zastava од Крагуевац произведувала лесни транспортери.

Ikarbus произведувал автобуси, а TAM мини-автобуси.

Tomos од Копер произведувал  мопеди и вонбродски мотори. Нивната “penta” во тоа време бил најдобриот мотор во светот.

Фаровите на словенската фабрика Saturnus освен што се вградувале во моделите на Zastava, се вградувале и во Wolksvagen, Opel, Fiat

FRAD во Алексинац произведувал воздушни филтри за воздух за Mercedes, Morris, Fiat.

HTD од Охрид произведувал брави, рачки за авто индустријата (меѓу друго и за целото светско производство).

Во Приштина се произведувале амортизери за Zastava, Fiat и Opel.

Белградскиот 21 Мај произведувал мотори.

Југопластика од Сплит 40 проценти од своето производство извезувала на Европскиот пазар

Фабриките Obod, Cer, Gorenje, Iskra, Rudi Čajavec, произведувале електрични уреди, телевизори, радија, грамафони, касети и бели производи, а Borac од Белград произведувал дури и апарати за еспресо.

Фармацевтската индустрија снабдувала 30 проценти од пазарот на СССР, скоро половина Африка и Индија… Тука влегуваат компаниите Лек, Крка, Плива, Галеника, Здравjе, Алкалоид.

Ова претставува само еден дел од тоа што се има произведувано во поранешна Југославија.

Извор: telegraf.rs
 

НОВО! СЛЕДЕТЕ ГО РАБОТНИК НА YOUTUBE! СТИСНЕТЕ “SUBSCRIBE” И ПРИТИСНЕТЕ НА SВОНЧЕТО!