Што стои зад видеото што кружи на Интернет: Дали Симпсонови предвидоа катастрофа во Бејрут?
Во последните неколку дена, социјалните мрежи се преплавени со снимки од познатиот цртан филм
Симпсонови досега успешно ја предвидуваа иднината многу пати – од претседателството на Трамп, до епидемијата на вирусот корона. Сега на социјалните мрежи кружи видео, за кое многумина тврдат дека ја предвидува катастрофата што се случи во Бејрут на почетокот на месецот.
Во трите децении што се емитуваше оваа анимирана серија, авторите успеаја успешно да предвидат бројни светски настани, а на никој не му е јасно како. Фановите повеќе не го поставуваат тоа прашање, но френетично ги споделуваат снимките и фотографиите, објаснувајќи дека успеале да ја предвидат експлозијата во магацинот во Бејрут. Портокаловата печурка што израмни добар дел од либанската престолнина минатиот вторник беше видена во Симпсонови неколку пати, а социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од експлозијата и коментари за тоа како авторите на познатата серија знаеја што ќе се случи во Бејрут.
#2020worstyear this berut blast prediction in cartoon series pic.twitter.com/D6iWtvE1bP
— Engr Malikumar (@Malikumarkb) August 6, 2020
Потоа, некои отидоа чекор понапред, споделувајќи снимки на кои се гледа огномет на Хомер, кој потоа предизвика експлозија слична на онаа во либанската престолнина.
Штом се појави видеото, луѓето почнаа масовно да го споделуваат, не сфаќајќи дека станува збор за монтажа. Имено, снимањето што кружеше е создадено со спојување сцени од две епизоди. Првиот дел од видеото претставува сцена од 25-та епизода од седмата сезона во која Хомер купува и запали огномет на М-320, додека експлозијата со облак во форма на печурка од 16-та сезона, кога Хомер разнесе нуклеарна централа.
Извор: telegraf.rs

