ФОТО|12 протести и штрајкови кои го смениле светот на работниците насекаде
Подготвил: Бобан Илијевски
Историјата е полна со работнички протести кои оставиле белег врз денешната перцепција за работничките права и вреднувањето на трудот. Таа покажува низ што се поминале работниците за да ги добијат своите права ставајќи го во контекст 1 мај – Меѓународниот ден на трудот којшто е симбол за борбта на работничката класа.
Порталот Reader’s Digest издвојува 12 протести и штрајкови кои значајно го промениле светот на работата во контекст на 1 мај – Меѓународниот ден на трудот, а ние во продолжение ви ги пренесуваме:
Аферата Хејмаркет

За да може да се разбере зошто Меѓународен ден на трудот е 1 мај, потребно е да се вратиме назад на Аферата Хејмаркет. На 1 мај, 1886 година, илјадници работници ширум САД влегле во штрајк поради лошите работни услови, како и поради барањето за воведување на 8 – часовно работно време, кое го имаме и денес. Ситуацијата станала тензична; до 4 мај, луѓето на плоштадот Хејмаркет во Чикаго се собрале за да одржат масовен синдикален протест. На местото дошла и полиција за да го одржува мирот и успевала се додека некој – историјата не го открива неговото име – фрлил бомба во групата на полицијаци. Седум полицјаци погинале, а 67 биле повредени. Како резултат на тоа, полицијата се осветила убивајќи помеѓу 5 и 50 луѓе и повредувајќи повеќе од 200. Кравиот настан ја засилил позицијата на синдикатите и го стартувал почетокот на модерните работнички демонстрации.
Масакарот во крвавата Недела

Русија на почетокот до 20 век изгледала слично како средновековна Европа, со мала класа на владетели кои живееле во голем луксуз, контролирајќи го сиромашниот народ. Поради големото незадоволство од немањето храна и вода поради луксузирањето на богатите, луѓето започнале да се организираат во работнички групи. На 22 јануари, 1905 година, група на работници марширале до зимската плата на Царот Николај Втори за да ги искажат своите барања. Војската на Царот отворила оган врз ненаоружаните демонстранти, по што биле убиени или повредени повеќе од 1,000 демонстранти. Бесот поради Крвавиот Масакар во Недела ја покренал Првата руска револуција во 1905 година, по што веднаш настанала и Втората револуција која ја отфрлила монархијата и воспоставила нова форма на владеење, која ги ставила работничките права на прво место. Работничките протести не го смениле само курсот на руската историја, којашто држава преминала во комунистичката ера, туку на историјата на целиот свет, по што ги отвориле патеките за двете Светски војни.
Битката за планината Блер
И покрај тоа што било најголемото оружено востание во САД од Граѓанската војна, Војната за планината Блер не е запаметена по добро во историјата, иако серијата на конфликти помеѓу рударите и операторите за јаглен кои траеле речиси една декада биле клучни за воспоставувањето на клучните уставни права. Во август 1921 година, повеќе од 10,000 вооружени рудари марширале во Округот Минго, Западна Вирџинија за да протестираат против Рударскиот безбедносен систем – каде што компаниите за јаглен, поддржани од стражари ангажирани од приватни фирми управувале со рудниците како да се во вонредна состојба, и каде што правата на организирање, слободен говор, како и други основни права биле забранети и секој којшто сакал да работи морал да го почитува тоа. Исто така, било сторого забрането и организирањето во синдикати. Рударите влегле во конфронтација со локалните трупи и битката, која вклучувала бомби и автоматски пушки, беснеела четири дена пред да биде сопрена од федералните трупи. Запаметен како „Трудот од Гетизбург“, судирот им донел на рударите основни права коишто станале значајни за сите работници во САД.
Штрајкот со седење во Џенерал Моторс
Во голем дел, Штрајкот се седење во Џенерал Моторс во декември 1936 година не бил голем штрајк. Како и да е, ефектите биле големи и на овој настан често му се дава заслугата дека е темел на кој се базираат модерните работнички движења. На 30 декември истата година, автомобилските работници започнале штрајк со седење во фабриката на ЏМ во Мичиген кој траел 44 дена. Работниците се бореле за признавање на нивниот синдикат, поголеми плати, подобри мерки за безбедност и здравје при работа и – неверојатно – дозвола за да разговараат во собата за пауза. Евентуално, компанијата дошла до компромис со работниците, по што синдикатот на автомобилските работници станал силна политичка сила во САД, а исходот имал глобални реперкусии. Штрајкот со седење бил инспириран од слични европски штрајкови, којшто потоа ги инспирирал и работниците од другите држави да го применуваат.
Штрајкот во Делано

Во 1950 – тите, Цезар Чавез станал проминентен активист за човкови права во Калифорнија; до 1962, тој ги направил работничките права негова raison d’etre (причина за постоење). На 6 септември 1965 година, кога група на филипински фармери влегле во штрајк против сопственците на плантажи за грозје во Делано, Калифорнија, поради ниските плати и ужасните работни услови, групата на Чавез се приклучила, создавајќи го Синдикатот на фармерски работници и проширувајќи го штрајкот ширум државата. Одлегедувачите на грозје во 1970 година им овозможиле на работниците поголеми плати, бенефити и заштита. Тактиките на Чавез за ненасилни бојкоти – употребувајќи штрајкови, маршови и протести се инспирација за работничките движења ширум светот.
Протестите во 1968

Во годините после Втората Светска војна, растечката економија го зголемила квалитетот на животот на некои работници, додека други останале сиромашни. До 1968, глобалните нееднаквости стигнале до точка на кршење, по што луѓето ширум светот, особено ниско платените работници, студенти и сиромашните лица, излегле на улиците да протестираат поради социјалната нееднаквост, работните услови, плати, политички проблеми, животната средина и нуклеарното наорижување. Протестите од 1968 се познати како движечка сила на појавувањето на движењето за човекови права предвидено од Мартин Лутер Кинг Јуниор. Истата година е извршен и неговиот атентат.
Протест со награди за Алејата на срамот
Работничките протести во една држава се организираат од страна на жителите на таа држава, па тука се поставува прашањето кој треба да се бори за странските работници кои немаат никаков статус во државата во која работат. На 15 декември, 2005 година, мигрантските работници учествувале во протест со награди за Алејата на срамот. Демонстрантите во Хонгконг влегувале во автобуси и возови и оделе по разни конзулати на држави, каде им давале „награди“ на лидерите на земјите за прекршување на човековите и работничките права. Корпорациите кои прекршуваат човекови права, ја загадуваат животната средина, имаат неморални даночни пракси и корупција, биле препознаени со наградите наречени „Јавно око“.
Арапската пролет
Арапската пролет започнала како работнички протест и го поттикнала бунтот на десетици мали арапски држави во Северна Африка и Блискиот Исток. Во 2010 година, Мухамед Боуазизи, туниски продавач на овошје се самозапалил во знак на протест кога полицијата му се заканувала дека ќе го затвори неговиот бизнис поради тоа што немал соодветни докуметни за истиот. Тој тогаш станал симбол на репресираните работници, не само во Тунис, туку во целиот регион и Блискиот Исток. Влијанијата од протестот имале глобални последици коишто се чувствуваат и денес. Инаку, Боуазизи е еден од деветте обични луѓе кои ја промениле историјата.
Борбата за 15 долари
Федералната минимална плата во САД, кога е пишуван текстот на Reader’s Digest во 2019 година, изнесувала 7,25 долари на час. Сепак според податоците коишто успеавме да ги најдеме, таа се‘ уште изнесува толку.
Порталот пишува дека минималната плата не е зголемена повеќе од 10 години и покрај тоа што пазарот на труд заздравел од Големата Рецесија. На 29 ноември 2012 година, стотици вработени во ресторани за брза храна во Њујок влегле во штрајк поради ниската саатница, велејќи дека истата не е доволна за живот. Борбата за 15 долари поттикнала протести и штрајкови низ целата држава. На 15 април 2015 година, десетици илијади работници на минимална плата од различни сектори продожиле со протестите и штрајковите, по што настанале едни од најголемите бојкоти на ниско платените работници во американската историја. Движењето не било продолжено само во САД, туку и во 200 други градови ширум светот, каде што луѓето побарале повисоки плати.
Рударските протести во Хеилонгџианг Лонгмеј
Во 2016 година кинеската Влада спровела голем број на економски реформи, меѓу кои и намалување на користењето на рудииците за јаглен во државата. Рудникот Хеилонгџианг Лонгмеј објавил дека ќе отпушти 100,000 работници, па набрзо повеќе од 10,000 од нив излегле на протест, поради тоа што шест месеци не зеле плата и работеле во опасни работни услови (Рудникот бил место каде се случувале ужасни експлозии во 2009 година кои убиле повеќе од 100 луѓе.) Поради големината на протестот на рударските работници, тој е еден од најголемите протести во светот. Подоцна истата година, Владата на Кина воспоставила пакет за помош од 15 милијарди долари за да им помогне на работниците кои не земале плати, но сепак, повеќе од половина милион кинески рудари на јаглен останале без работа.
Протестот на 1 мај 2017
На 1 мај 2017 година, илјадници Америкнаци излегле на улиците во градовите, вклучувајќи ги Чикаго, Детроит, Лас Вегас, Лос Анџелес, Мајами, Њујок Сити, Филаделфија, Сан Франциско, Сијатл и Вашингтон ДЦ, да протестираат против политиките на Доналад Трамп за мигрантите и правата на работниците. Истиот ден, се случиле и меѓународни протести во Хавана, Истанбул, Москва, Санкт Петерзбург, Париз, Филипините, Косово и Тибилси, Грузија, по што аферата станала глобална.
Движењето на Жолтите Елеци

Започнувајќи во ноември 2018 година, Движењето на Жолтите елеци се‘ уште трае. Започнало кога француските работници се противеле на предложените цени на дизелот, но набрзо протестите станале многу повеќе од противење. Демонстрантите тврделе дека „даночните реформи“ на нивната држава носеле бенефит само за богатите, на сметка на сиромашните. Француските работници носеле светло жолти елеци, покажувајќи солидарност на визуелен начин. Некои од протестите биле и насилни и вандалистички, па често наидувале на солзавец од страна на полицијата, додека во некои случаи, Владата ја ангажирала и војската. Движењето не протестира само за работнички права, туку и за други општествени проблеми. Жолтите елеци станале значаен симбол и во други држави, како Австралија, Ирак и Израел.
Извор: Reader’s Digest

