Штрајкуваат над 50.000 поштари во Канада поради ниски плати
Синдикатот што ги претставува вработените во Поштата на Канада, главниот поштенски оператор во земјава, соопшти дека преговорите се уште „многу далеку“ од крајот. Поштенските работници бараат повисоки плати и можност да работат викенди со плаќање за прекувремена работа – наместо Канадската пошта да се потпира на надворешни работници.
Синдикатот сака зголемување на платите за 24 отсто во следните четири години, што е значително повисоко од 11,5 отсто предложени од Канадската пошта. Дополнително, темите на преговорите се однесуваат на бенефиции, боледување, услови за работа и безбедност.
„Нашите барања се разумни: правични плати, безбедни услови за работа, право на достоинствена пензија и проширување на услугите во јавната пошта“, велат од Синдикатот.
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025