МакедонијаПравдаСветот на работникот

Јовановски: Предвидуваме унапредување на кариерите на административните службеници

122views

ГО ВРАЌАМЕ ДОСТОИНСТВОТО НА СЛУЖБЕНИЦИТЕ И СЈАЈОТ НА ИНСТИТУЦИИТЕ

КАРИЕРА ++ Во рамки на овој проект се предвидува унапредување на категориите на работни места на административни службеници и нови нивоа на работни места, заради адекватно валоризирање на трудот на сите административни работници. Предвидуваме, секоја категорија да биде проширена со нови две надкатегории и тоа: Ниво (Г, В, Б)+, со работен стаж од 7 до 15 години во иста институција на кое се додаваат дополнителен број бодови во делот на плата за степен на образование. Ниво (Г, В, Б)++, со работен стаж над 16 години во иста институција се додаваат дополнителен број бодови во делот на плата за степен на образование.

На постоечките 4 нивоа на работни места, ќе додаме уште 4 нови кои ќе служат само за интерни унапредување кои ќе бидат дозволени секоја година, за 1% од вработените кои добиле најголем број гласови од вработените во истата институција. Ќе се извршат и промени на Законот за административни службеници да се овозможи административниот службеник да се унапредува едно место погоре доколку претходно биде минимум 5 години на исто ниво. Раководителот на органот ќе биде обврзан да го спроведе унапредувањето доколку има слободно место во систематизацијата и административниот службеник ги исполнува општите и посебните услови предвидени за тоа работно место.
Рок: 2022 година
#Обнова
#ИсправиСеМакедонијо
#ВмроДпмне