МакедонијаПравдаСветот на работникот

Јовановски: Тетекс Јарн Лимитед преку две минимални плати ќе ни ги исплати заостанатите плати

Јовановски - Работник
146views

Се договоривме со раководството, неисплатените две плати да ни ги исплати со минимални плати. Првата треба да ни биде исплатена до 25 август, а за втората не знаеме сеуште, рече Никодин Јовановски, поранешен вработен во Тетекс Јарн Лимитед, фабрика за производство на предиво и волница која се затвори и остави 160 работници без работа. 

Јовановски за Порталот Работник вели дека сопственикот којшто е од Бугарија финализирал со затворањето на фабриката, па повеќе нема надеж дека ќе може да проработи некогаш повторно. 

Тој посочи дека на поранешните 160 вработени во фабриката им следувала 4 до 5 месечна помош од страна на Министерството за труд и социјална политика, во зависност од стажот, а во износ од 50 % од платата која им била исплаќана во последните седум години, откако бугатскиот сопственик ја презел фабриката.

„Мене уште еден месец ми следува финансиска помош од Министерството за труд и социјална политика, а потоа останувам без приходи. До 25 треба да ни исплатат минимална плата од раковоството на компанијата, но со нив тешко дека ќе може да се преживее“, вели Јовановски.

Тој посочи дека на 10 – тина поранешни вработени не им следувале ниту платежни картички, а според него требало да добијат, затоа што и тие се невработени. 

Истакна и дека синдикатот којшто го имале во фабриката воопшто не им помогнал на вработените, па дури и, како што вели Јовановски, не одржувал ниту состаноци.

Вели дека од Владата немало никаков одговор, па апелира до нив да изнајдат некаков решние и да им помогнат на 160 – те работници, меѓу кои има и брачни парови, па поради отпуштањето од работа и двајцата се без приходи. 

Имено, работниците на Тетекс Јарн Лимитед одржаа неколку протести, но и одржаа состаноци со директорот Петар Камбуров кој поради блокираните сметки од страна на УЈП, не им ги исплати платите. 

Бобан Илијевски