МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Јосевски: Ќе поддржиме само штрајк во судовите, а не бели штрајкови и меки протести

   Време за читање 3 минути

Синдикалната организација на правосудството при Синдикатот на администрација и државна управа САДУ, ќе поддржи само штрајк од сите нишани, соодветно на кршењето на правата базирани врз законот кој важи за сите вработени во судовите, вели Претседателот на синдикалната организација на правосудство, Драган Јосевски за Порталот Работник.

„Да престане потценувањето на судските службеници и другите вработени во судовите од одлуката на Судскиот буџетски Совет. Нема да поддржиме бели штрајкови и меки протести што ги заговараат претставниците на УПОЗ кои нема ништо да придонесат во подобрувањето, на и онака тешката социјална и материјална положба на вработените во судовите“, вели Јосевски.

Тој смета дека тие ќе придонесат за уште поголема разочараност на нивните членови, што од УПОЗ ништо повеќе не може да се очекува. Според него, лажната грижа на УПОЗ за вработентите во судовите е секојдневие и добра прагма.

„Ги видовме во закажаниот штрајк во февруари оваа година, кога нивните претставници кои се потпишаа за влегување во штрајк, се откажаа по нечиј диктат или страв од успех на штрајкот и предизвикаа домино ефект и кај другите вработени. Си посипуваа со пепел по глава. Поради тоа штрајкот не успеа, иако на списокот имаше двесте и триесет потписи за штрајк, очигледно поради одработувањето на УПОЗ за некого“, вели Јосевски.

Тој истакна дека крокодилските солзи и лажната приказна за правата на судските службеници излезе на виделина. Тие ги двојат вработените во судовите, да за едни важат додатоците на плата, а за други да не важат. Вели дека процентуалната еднаквост на додатоците на плата која ја заговара УПОЗ е нова неправда за вработените во судовите. Земајќи во предвид дека платите на судиите се поголеми од примањата на судските службеници и другите вработени, ќе се дојде во ситуација да на судиите додатокот на ризик им изнесува 7,000 денари, а за другите вработени ќе изнесува само 750 денари.

Според него, ова е тотално потценувачки и неправедно. Додатоците на плата треба да бидат еднакви за сите, бидејќи тие не се плата. Ризикот го трпат сите вработени во судот подеднакво.

„Со ова УПОЗ прави нов раздор помеѓу вработените, а најмногу помеѓу припадниците на судската полиција кои први во 2010 година се стекнаа со право на додаток за изложеност на ризик според  (чл.129/3) од законот за судска служба, каде има класично прекршување на законот. Според УПОЗ сите треба да земат додаток, освен судските полицајци и не ги споменуваат во својот проглас од 13.11.2019 година“, истакна Јосевски.