НовостиСветот на работникот

Љубица од февруари вози автобус, па и трети смени: Ќе ве изненади кој најчесто не плаќа билет

   Време за читање 5 минути

Во Хрватска 42 % од жените и 58 % од мажите се возачи. Иако статистиките покажуваат дека помалку од половина жени учествуваат во сообраќајни несреќи (според многу истражувања сообраќајот би бил далеку побезбеден кога сите автомобили би ги возеле жени) и понатаму често може да се слушне дека жените се лоши возачи.

Со ова се согласува и Љубица Стапиќ (44), една од четирите жени возачи на автобуси во сплитскиот Сообраќај. Секоја од нив со своето возење би можеле да посрамат многу поискусни мажи зад воланот, пишува Слободна Далмација.

„Реакциите во главно се позитивни, но секогаш се наоѓа некој кој има нешто паметно да праша“, се насмеала Љубица, која пријателите на шега ја нарекуваат „жена, мајка, кралица“.

Таа се заљубила во возењето уште во основно училиште. а возењето на 16 метри долг автобус ни најмалку не ѝ е проблем. Во Сообраќај се вработила оваа година. Пред тоа работела разни работи, од производство на материјали во една фабрика, во хотел, па се‘ до возач во привремен туристички превоз.

Кога го видела конкурсот за во Сообраќај, одлучила да се пријави, бидејќи конечно сакала да има стабилна работа. Моментално вози повеќе рути, најчесто градски и приградски линии.

„Едноставно, тоа е работа која ја сакате или не ја сакате. Првиот работен ден во Сообраќај ми беше 15 февруари оваа година. Се сеќавам дека ја возев линијата број 16 на релација ХНК – Нинчевичи. Морам да признаам дека имав поприлична трема. Претходно со колега ја поминав цела таа рута и сфатив дека на почетокот ќе ми биде предизвик. Меѓутоа, смената ми помина одлично, од продажба на билети па до самото возење, што ми даде поттик и дополнителен ветер во грб за идните работни денови“, се присетила Љубица, на која колегите ѝ даваат голема поддршка.

За нејзините патници стереотипот за жените дека се лоши возачи дефинитивно не вреди.

„Одпрво се плашев како патниците ќе ме прифатат. Но на крајот се‘ испадна супер. Имате и добри и лоши денови. Има луѓе кои доаѓаат да ме пофалат, а има и такви кои знаат да дофрлат, но сто луѓе сто чуда. Кога ќе ме видат зад воланот навистина се воодушевени, па им е драго следниот пат кога ќе ме видат. Некои дури ми даваат и мали подароци од типот на бомбони, се‘ има“, се насмеала жената.

Сепак, се случуваат и незгодни ситуации.

„За жал се случува и тоа. Една госпоѓа зад мене зборуваше на мобилен и рече: Еве, жена вози автобус и затоа доцниме! Јас на тоа останав воздржана, иако не ми беше сеедно. Имам едно правило – да не се расправам со моите патници“, рекла таа.

Токму тоа најмногу ѝ смета, кога некои патници ќе кажат дека автобусот доцни, бидејќи го вози жена.

„Јас не доцнам поради тоа што пијам кафе со некој и не знам зошто. Тоа просто е поради сообраќајот и гужвите. А поради безбедноста мораме да возиме полека. Морате да имате студена глава, нема брзање“, искрено кажала таа.

Кога ќе види некого без билет не реагира бурно.

„Ми се чини дека повеќе се шверцуваат туристи отколку домашни луѓе, бидејќи има многу ученици и пензионери со месечни билети. Туристите влегуваат во автобус, вие гледате дека немаат билет, но на нив не им грижа.

Љубица често вози трети смени, кои се ноќни и понекогаш напорни.

„Тогаш се патниците кои излегуваат, некогаш има фудбалски натпревари, во тие случаи морате да бидете малку и психолог, најмногу за себе, бидејќи никогаш не знаете како таа екипа ќе реагира кога ќе види дека жена вози автобус. Сепак, патниците во ноќните смени, знаат да ми бидат најдобри, најголема поддршка и досега не сум имала ниеден инцидент, не само во таа смена, туку во сите три кои редовно ги работам“, раскажала Љубица.

Од Сообраќај е задоволна, само примањата да се малку подобори, признала таа за Слободна Далмација.

„Ах, тоа изгледа е така секаде денес… Колегите ми се супер, атмосферата е добра, не можам да се пожалам. Секогаш се подготвени да помогнат со што и да треба, да ми дадат совет, што и како… Но да, платата би можела да биде малку подобра, нема да ве лажам. Се надевам дека наскоро ќе можеме да се избориме за тоа“, истакнала Љубица за крај.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Vojko Basic/Cropix