НовостиПравдаСветот на работникот

Ќе се најде ли конечно решение за трајно вработување на медицинскиот кадар?

   Време за читање 1 минута

Претседателката на здружението вели дека околу 1.500 медицински сестри во Агенцијата за вработување чекаат работа, а истите работат за 12 илјади денари и по десет години во здравствените установи.

Во петокот и министерот за здравство Меџити изјави дека нема да дозволи компромис и ќе настојува за нови вработувања и пари во министерството за финансии за околу две илјади сестри, лаборанти и друг медицински кадар да добијат решение на неопределено време и да имаат здравствено и пензиско осигурување. Министерот предлага и трајно вработување на приватните специјализанати.

Бешлиовска вели дека во сите здравствени установи а пред се во терцијалното здравство има дефицит на медицински сестри, а со завршувњето на ковид панедмијата не се научи лекцијата дека медицинските сестри беа столобот во лекувањето и важноста на овој кадар во болниците.

Извор: Канал 5