Македонија

Ќе учат од дома: Учениците од НОВА во следните две недели и на распуст ќе добиваат задачи

Ќе учат од дома - Работник
266views

Меѓународното училиште НОВА одлучи да ги испрати дома своите ученици и оттаму до 24 март да ја следат наставата поради состојбата со корона вирусот.

Наставниците и професорите изминативе неколку недели биле обучени за онлајн настава, а учениците ќе продолжат да добиваат задачи и ќе учат од дома.

За ова писмено биле известени родителите нa сите деца од основното и средното училиште. Од утре до 24 март нема да работи ниту градинката.

Попладнево на состанокот на  Комисијата за заразни болести беше донесен заклучок градинките, основните и средните училишта и сите воспитно-образовни институции да бидат затворени во наредните 14 дена, како заострена мерка поради превенција од ширење на коронавирусот.

Досега во Македонија од коронавирусот се заболени седум лица и сите се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и според МЗ се во добра здравствена состојба.

Извор: Лидер