ЕкономијаСвет

Авиобилетите поскапи од кога било, цените нема да паднат и кога ќе поевтинат горивата

Зголемувањето на цените на горивата поради војната во Иран ќе доведе до значително повисоки цени на авионските билети, но не се очекува цените на билетите да паднат кога цените на горивата ќе почнат да паѓаат, изјави извршниот директор на „Јунајтед ерлајнс“, Скот Кирби.

Кирби рече дека повисоките цени на билетите се поттикнати подеднакво од силната побарувачка за патувања, како и од цените на горивата, и дека и покрај повисоките цени, патниците резервираат во рекорден број на многу авиокомпании, објави CNN.

„Колку подолго потрошувачите ги плаќаат овие цени и авиокомпаниите се навикнуваат на овој приход, толку е поголема веројатноста ова да продолжи“, рече Кирби.

Патниците на авиокомпаниите сега плаќаат просечно 20 проценти повеќе во споредба со минатата година.